Гостивар и Работнички ремизираа, Шкендија и Силекс профитираа

Екипите на Гостивар и Работнички ремизираа без голот на стадионот во Маџари, па сега Силекс ги прескокна на прволигашката табела, а Шкендија која минимално беше подобра од Тиквеш, на врвот се одлепи на пет бода пред најблиските конкуренти.

За гостиварци кои се тим со најмалку примени голови во лигата, ова е јубилеен 10-ти нерешен резултат во 21 кола.

Шкупи ја извојува и петтата победа по ред, попладнево на Чаир совладан е Пелистер благодарение на двата гола на Ибиши. Во борбата за опстанок, важна победа извојува Воска спорт.

Во долната половина на табелата Пелистер има 23 бода, Брера Струмица 20, Воска 18, Вардар 17, а најдолу се Тиквеш и Беса по 15.

РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Работнички 0-0, Шкендија – Тиквеш 1-0, Шкупи – Пелистер 3-1, Силекс – Струга Трим Љум 3-1, Воска спорт – Брера Струмица 3-1. Вчера: Вардар – Беса 0-0.

- Оглас -

Најнови вести