Барселона е подготвена да го продаде: Три великани со интерес за Рафиња

Договорот на Барселона и Рафиња истекува во 2027 година, а според информациите од шпанските медиуми, најави за потпишување на нов во моментов нема. Тоа значи дека раководството на „каталонците“ ќе инсистира на негова продажба уште налето, се со цел да заработи од неговиот трансфер.

Бразилецот на „Камп Ноу“ пристигна во 2022 година од Лидс јунајтед за сума од 58 милиони евра, а неговата моментална вредност изнесува 80 милиони евра. Откупната клаузула на Рафиња изнесува една милијарда евра, но Барселона секако дека ќе ја намали оваа сума, само за да го продаде.

Веќе има и интерес за неговите услуги од три европски великани, сите три од англиската Премиер лига. Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал се подготвени да преговараат со „каталонците“ за откуп на договорот на бразилскиот интернационалец, па голема е веројатноста тој да се врати на Островот уште летово.

- Оглас -

Најнови вести