Рубен Аморим: „Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата, само не знам кога“

Манчестер јунајтед е елиминиран и од англискиот ФА куп, па единствената шанса за трофеј му останува Лигата на Европа, каде во осминафиналето ќе игра против Реал Сосиедад. Сепак, и покрај домашната елиминација на пенали од Фулам, Рубен Аморим, најави дека целта на клубот е да ја освои Премиер лигата, само не знае кога би се случило тоа.

„Нашата долгорочна цел е да ја освоиме Премиер лигата. Не знам кога и колку време ќе ни треба, но тоа е нашата цел. Што и да се случи, ние ќе продолжиме.“ – рече Аморим.

После 27 првенствени кола, Манчестер јунајтед е на 14-тата позиција во Премиер лигата со 33 бода, дури 34 помалку од лидерот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести