Валенсија водеше, па се спасуваше од пораз, Столе остана на клупа (Видео)

Екипите на Осасуна и Валенсија одиграа фантастично реми со шест гола во Памплона, а на крајот гостите беа тие кои се спасуваа од пораз. Сепак, Валенсија двапати водеше, со 0-1 и со 1-2, но домашните уште во првиот дел направија пресврт и на паузата заминаа со водство од 3-2.

„Лилјаците“ се спасија од пораз во 87-мата минута со голот на Умар Садик. Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој меч не доби минутажа и остана на клупата за резерви.

Валенсија и покрај бодот, останува во опасната зона со 24 поени, колку што има и Лас Палмас на 17-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести