Домашните екипи ќе доминираат, Ал-Наср ќе одигра ефикасно (Фото)

1543 Спортинг Лисабон – Есторил (21:15)

Спортинг Лисабон се наоѓа на делба на првата позиција во првенството на Португалија со 53 бода, колку што има и Бенфика. Последните три меча на Спортинг во првенството завршија нерешено, па мечот против Есторил е одлична можност за враќање на победничките патеки и задржување на врвот од табелата. Во меѓусебните дуели, Спортинг има седум победи по ред, а Есторил последен пат се радувал во Лисабон во 2018 година.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.02)

 

1184 Нотингам форест – Ипсвич (20:30)

Една од овие две екипи ќе биде последниот четвртфиналист во англискиот ФА куп, а таму веќе се знае дека ги очекува гостински дуел против Брајтон. Оваа сезона во Премиер лигата одиграа само еден меч, кој им припадна на Шумарите со 1-0, а Нотингам нема пораз од Ипсвич од 2017 година. Домашните се фаворити и според табелата во Премиер лигата, со оглед на тоа дека се третопласирани, а Ипсвич е на 18-тата позиција.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.15)

 

3784 Јувентус – Верона (20:45)

Јувентус со победа има шанса да се врати на четвртото место, позиција која води во групната фаза од Лигата на шампионите. Верона е противник по мерка за да се заборави шокантната елиминација од италијанскиот Куп на домашен терен од Емполи на пенали. Старата дама има пет победи на последните шест дуели против Верона, а само еден меч завршил нерешено. Првиот нивен меѓусебен дуел оваа сезона заврши со 0-3 во корист на Јувентус.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.07)

 

5120 Естеглал – Ал-Наср (17:00)

Мечот од осминафиналето на азиската Лига на шампиони помеѓу Естеглал и Ал-Наср привлекува големо внимание во Иран, а на Кристијано Роналдо и на соиграчите сигурно нема да им биде лесно. Екипата од Саудиска Арабија ја заврши групната фаза на третата позиција, додека Иранците беа шести. Во меѓусебните дуели на овие две екипи, само еднаш не било 3+.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

2841 Истанбул Башакшехир  – Сиваспор (18:30)

Екипата на Истанбул Башакшехир е далеку од врвот на табелата во турското првенство, но сè уште се надева дека може да дојде до излез во фудбалска Европа. Попладнево имаат одличен противник за победа, со која ќе ги задржат шансите за такво нешто, со оглед на тоа дека Сиваспор е 15-ти, на самата линија која обезбедува опстанок. Последните три меѓусебни натпревари завршија со победа на Истанбул Башакшехир.

Предлог тип: 1 & 2-6 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести