Лејкерс повторно ја доби битката за Лос Анџелес, Дончиќ доминираше (Видео)

Кошаркарите на Лејкерс на сличен начин како и пред два дена, повторно го добија градското дерби против Клиперс, овојпат со резултат 108-102. Она што е интереснo, само пред два дена мечот заврши 106-102, а разликата е буквално во еден кош.

Домашните ја најавија победата уште од почетокот, па на првата мини-пауза заминаа со предност од 34-28, додека на полувремето водеа со 56-43. Клиперс се обиде да се врати резултатски и го направи тоа, но не доволно за комплетен пресврт.

Лука Дончиќ убедливо беше најефикасниот кошаркар во редовите на победничкиот состав со 29 поени, на кои додаде и шест скока и девет асистенции.

Резултати:

Кливленд – Портланд 133-129 (119-119)
Индијана – Чикаго 127-112
Мајами – Њујорк 112-116 (105-105)
Орландо – Торонто 102-104
Сан Антонио – Оклахома 132-146
Јута – Њу Орлеанс 121-128
ЛА лејкерс – ЛА клиперс 108-102
Феникс – Минесота 98-116

- Оглас -

Најнови вести