Легендарниот Серхио Рамос осум месеци беше надвор од фудбалот пред да направи изненадувачки трансфер во мексиканскиот Монтереј, а сега и го постигна првиот гол во дресот на новата екипа. Триесет и осумгодишниот дефанзивец веднаш ја доби и капитенската лента во Монтереј, а голот првенец го постигна на мечот против Сантос Лагуна во 57-мата минута за водство од 2-1 на неговата екипа.
Монтереј на крајот победи со 4-2, а ова за нив е втора победа на вториот меч на кој Рамос настапува и ги предводи на теренот како капитен.
🚨 SERGIO RAMOS SCORES! 🇪🇸🛡️pic.twitter.com/wGnBxbM2lG
— Mohamed✆ (@BlancoInsight) March 3, 2025