Црвена ѕвезда за 80-тиот роденден ќе се дотера во жолти дресови (Фото)

Утре фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград ќе прослави 80-годишнина од своето формирање, а на првиот домашен меч по роденденот, на 16 март против Спартак, Црвено-белите ќе играат во жолти дресови.

Ѕвезда осум децении не играла во жолто, иако тоа им е оригиналната боја и на првиот меч играле токму во жолти дресови со црвена петокрака. Српскиот „Телеграф“ направи ретуширање на фотографија која е во црно-бела техника и ни покажа како отприлика изгледале дресовите на Ѕвезда пред 80 години.

Тие се повлечени од употреба на почетокот на 1946 година, но не и од сеќавањата.

- Оглас -

Најнови вести