Со три меча направи вкупна квота од 4.178 и тоа ДОБИТНА (Фото)

Знаење, чувство, но и многу среќа треба да се има за да се погоди еден тикет како тој што во неделата беше уплатен во скопско Трубарево. Одиграни се само три меча и тоа на играта „полувреме-крај“ и сите три се погодени.

Мајсторијата е во тоа што е погодено кој тим ќе води на полувреме, а погодено е дека на крајот сите три дуели ќе завршат нерешено. Фулам водеше со 0:1 на гостувањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи израмнија во вториот дел за 1:1 по 90 минути игра.

Осасуна и Валенсија ремизираа 3:3, а домаќините по голема драма водеа со 3:2 на полувреме, иако имаа негатива од 1:2 во 32 минута. Во второто полувреме, Валенсија со гол во 87 минута стигна до 3:3.

Во италијанската Серија Б, Бари и Сампдорија ремизираа 1:1, а гостите на полувремето имаа предност и тоа со гол постигнат во 45+2 минута. Бари израмни во 48 минута и тоа беше конечен резултат.

Со овие резултати, обложувачот кој уплати само 100 денари, успеа да погоди вкупен коефициент од 4.178, па вкупната добивка на крајот е неверојатни 355.214 денари.

- Оглас -

Најнови вести