Тренерот на Клуб Бриж, Ники Хејнен, не очекува Астон вила да го смени својот стил на игра иако зимава се поднови со играчи како Маркус Рашфорд и Марко Асенсио.
„Можеби нашата мотивација во натпреварите од Лигата на шампионите е малку поголема отколку во првенството. Се обидуваме да му пристапиме на ист начин, но понекогаш е тешко. Астон вила беше активна на трансфер-пазарот, но мислам дека нема да нè изненадат со ништо. Тренерот и нивниот систем на игра се исти. Тие се потпираат на многу динамика и агресија низ целиот терен. Првиот натпревар е многу важен. Вила е без пораз на домашен терен во 14 последователни натпревари. Се надевам дека го повторивме сценариото од натпреварите со Аталанта“, посака тренерот на Бриж.