6002 Клуб Бриж – Астон вила (18.45 часот)
Англискиот тим беше едно од најпријатните изненадувања во лигашкиот дел од сезоната во ЛШ, а Бриж местото меѓу 16-те најдобри во Европа го заслужи со елиминирањето на Аталанта во плејофот. Белгискиот тим има серија од три меча по ред без победа во домашното првенство, но во ЛШ им оди одлично, Аталанта ја победија двапати во мечеви со 3+ голови и дадени и примени голови. Овие екипи веќе се сретнаа сезонава, и тоа во ноември, исто така во Бриж, и домашните победија со 1-0 со гол од пенал. Последната гостинска победа на Вила беше на 15 јануари.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.40)
1021 Кардиф – Барнли (20.45 часот)
Ова е еден од поинтересните денешни мечеви во англискиот Чемпионшип бидејќи тим кој се бори за опстанок е домаќин на тим кој има амбиција да влезе во Премиер лигата. Барнли има дури 32 бода повеќе од Кардиф, но велшкиот тим веќе три кола по ред не знае за пораз, а дома не загубиле уште од декември. Барнли кој има само два порази сезонава, но има и дури 14 ремија, со победа би дошол само на два бода зад второпласираниот Шефилд јунајтед. Барнли е тим кој прими само 9 гола на 34 меча и ја има убедливо најцврстата одбрана.
Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.95)
6007 Борусија Д. – Лил (21.00 часот)
Борусија не прими гол на двата меча против Спортинг, тим кој има екстра голгетер како Ѓокереш, а сега се среќава со Лил, кој беше изненадувачки седми во лигашкиот дел од сезоната во ЛШ. Хендикеп за Лил е неиграњето на крилото Жегрова, а одамна во аут е и искусниот дефанзивец Умтити. Лил беше разбиен од ПСЖ викендов, а Дортмунд победи на својот меч во Бундеслигата, но тоа не мора ништо да значи, ова е нов меч, друга мотивација.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.94)
6001 ПСВ – Арсенал (21.00)
Холанѓаните го исфрлија Јувентус и иако оттогаш немаат победено никого, се чуваа и губеа и во купот и во лигата, со прилично голема самодоверба влегуваат во дуел со Арсенал, на кого ЛШ му е единствена реална шанса да освои трофеј сезонава. Топчиите се без Хаверц, Мартинели, Сака, Габриел Жезус, а на последните два меча во Премиер лигата не успеаја да постигнат гол. ПСВ е тим кој во последно време редовно и дава и прима гол. Арсенал последен пат гостуваше на „Филипс“ во декември 2023 и средбата заврши 1-1.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.40)
6003 Реал М. – Атлетико М. (21.00 часот)
Мадридските ривали неодамна се сретнаа на „Сантијаго Бернабеу“, а двата меѓусебни дуела сезонава од лигата им завршија со истиот резултат 1-1. Во ЛШ, Реал е најголемиот душман на Атлетико, секогаш Кралевите излегувале како победници, двапати и во финалињата. Реал има кадровски проблеми, ќе бидат без Себаљос и Белингам, неизвесно е дали ќе игра Валверде. Последниот пораз на Атлетико му беше на 18 јануари, а Реал дома не загубил од ноември. Ако се следи традицијата, најголеми се шансите средбата да заврши нерешено, но тоа не би го задоволило 15-кратниот европски првак. Реал дома не славел против Атлетико од 2021, а Атлетико не победил на „Бернабеу“ од 2016 година.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.45)