Дефанзивецот на Манчестер сити, Нејтан Аке, имаше операција на стапалото откако се повреди на натпреварот против Плимут од ФА купот на Англија. Тој се здоби со фрактура на стапалото, која мораше да биде санирана со хируршки зафат.
„Подолг период се мачам со повреди, сега повторно ќе морам на принудна пауза, но гледам напред со оптимизам и се надевам дека брзо ќе го надминам и овој проблем”, изјави Нејтан Аке.
Отсуството на Аке ќе биде уште еден проблем за менаџерот Пеп Гвардиола, кој не може да смета и на Џон Стоунс и Мануел Аканџи поради повреди.