Возбудувањата во нокаут-фазата од Лигата на шампионите ќе продолжат денеска и утре, a на распоред се првите дуели од осминафиналето. Во Sport Life има понуда за тоа кои екипи ќе одат во четвртфиналето, а интересно е дека меѓу еден од најнеизвесните двомечи се очекува да биде градското дерби во Мадрид меѓу Реал и Атлетико.
Реал е домаќин на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва, а според квотите Кралскиот клуб да оди во четвртфиналето е со квота од 1.61. Тимот на Карло Анчелоти е актуелен бранител на европскиот трон.
Второто големо дерби од осминафиналето ќе се игра утре, а ПСЖ е домаќин на Ливерпул. Англискиот гигант е во улога на фаворит за поминување во следната фаза и квотата е 1.50.
Како најголеми фаворити во двомечите се Интер против Феенорд, Барселона во двомечот со Бенфика и Арсенал, кој за ривал го има ПСВ.