Новото 21-во коло на Спортската прогноза започна денеска, а во понудата има супер интересни натпревари. Главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги имаат точните 13 фиксови за сите средби кои се во понудата.
Оној прогнозер кој ќе успее да биде перфектен, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1000 денари во Sport Life, a 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Во новото коло има неколку атрактивни дуели. Во Премиер лигата ќе се игра дербито меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи ја играат една од најслабите сезони во историјата, додека Топчиите полека го губат чекорот со Ливерпул во шампионската трка. Но, секако ќе биде многу интересно.
Во Серија А ќе се игра дербито меѓу Јувентус и Аталанта. Двата тима се надеваат дека сѐ уште можат да се приклучат во трката за Скудетото, со Наполи и со Интер.
Возбудливи пресметки ќе има и во Англија, Шпанија и Франција и едноставно треба да се одигра ова коло на Спортската прогноза.