Аморим ќе го купи Тринкао од Спортинг Лисабон

Франциско Тринкао од Спортинг Лисабон е пред трансфер во Манчестер јунајтед, каде што го посакува менаџерот Рубен Аморим, пренесува португалскиот весник „А Бола“. Двајцата се познаваат одлично бидејќи Аморим до неодамна беше на чело на Лавовите од португалската престолнина и знае каква улога може да има неговиот сонародник.

Тринкао има договор со Спортинг до 2027 година, но и откупна клаузула од 80 милиони евра, па ако Јунајтед ја плати, португалскиот клуб нема да може да го задржи својот играч.

Единствениот проблем е што Тринкао е поранешен фудбалер на Барселона, а каталонскиот клуб има клаузула со која повторно може да го откупи за 25 милиони евра.

Франциско Тринкао има искуство во Премиер лигата откако ја одигра сезоната 2021/22 во Вулверхемптон, каде што настапи на 28 натпревари и постигна два гола. Крилниот играч има девет настапи за националниот тим на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести