Некогашниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, почина во сон на 4 март 2018 година, и тоа непосредно пред мечот против Удинезе на гости. Астори беше пронајден мртов во хотелската соба поради проблеми со срцето.
По овој трагичен настан беше отворен случај, а пресудата која од вчера е и правосилна вели дека поранешниот директор по спортска медицина во болницата Нареги, Џорџо Галанти, е виновен за убиство од негрижа. Вчера беше одбиена жалбата на докторот, кој ќе мора да одлежи една година во затвор.
Обвинителството бараше затворска казна од три и пол години за Галанти, плус за уште двајца доктори кои направиле пропусти, односно издале лажно кардиолошко уверение. Доколку се утврдело дека Астори има проблеми со срцето, фудбалерот немало да добие дозвола да продолжи да игра фудбал.
Астори почина на 31 година, а зад себе ја остави ќерката.