Вардар тргнува со гостување кај Силекс, во второто коло ја пречекува Шкендија (Фото)

Со одигрувањето на натпреварите од 22-рото коло и официјално заврши вториот круг од Првата македонска фудбалска лига. Веќе од претстојниот викенд започнува третиот, ревашачки круг, а двојките се формираат според пласманот.

Во првото коло најинтересно ќе биде во Кратово, каде што Силекс ќе го пречека Вардар со реприза од четвртфиналето на Купот, додека останатите двојки се: Шкендија – Пелистер, Гостивар – Брера, Работнички – Тиквеш, Струга – Воска и Шкупи – Беса.

Големо дерби нѐ очекува веќе во второто коло, со оглед на тоа дека тетовската Шкендија ќе му гостува на Вардар, а за Вардарци потоа ќе следува и вечното македонски дерби против Пелистер во Битола.

- Оглас -

Најнови вести