Реал Мадрид првпат сезонава го победи Атлетико Мадрид (2-1) и тоа во меч од осминафиналето на Лигата на шамионите. Победничкиот гол беше дело на Брахим Дијас во 55-тата минута, кога се направи сам, се избори за позиција, биеше и на крајот погоди.
Сепак, шпанските аналитичари тврдат дека голот е постигнат од недозволена позиција и тоа не е спорна позицијата на Дијас, туку онаа на Винисиус, кој во моментот на шутот е во пасивен офсајд и поминува пред голманот, Јан Облак.
„Се работи за позиционен офсајд. Винисиус е во офсајд, на еден ипол метар од Облак. Голманот на Атлетико не можеше да го види потегот на Дијас, во тоа немам никаков сомнеж. Меѓутоа, во овој случај не е крив судијата, туку проблемот е што ВАР не го предупреди.“ – рече судискиот аналитичар, Павел Фернандес.