Рафиња го изгасна светлото на „Луж“ (Видео)

Бенфика 68 минути имаше човек повеќе на терен во дуелот со Барселона, но не знаеше да го искористи тоа, Барса и со десетмина победи со 1-0 и е многу блиску до четвртфинале против Борусија Дортмунд или Лил.

Победата на Каталонците им ја донесе Рафиња за кого ова е деветти гол сезонава во ЛШ. Неверојатниот Бразилец и пред некој месец им донесе победа на гости кај Бенфика, тогаш во луд меч кој заврши 5-4.

Барса во 22-ра минута остана со човек помалку по исклучувањето на Кубарси, но гостите воопшто не беа инфериорни, успеаја и да победат благодарение на индивидуалниот квалитет.

- Оглас -

Најнови вести