Нено Димитријевиќ: „Целта беше да одиме на ЕП, немавме среќа, но и системот на ФИБА не е фер“

Кошаркар во фокусот за хрватскиот „Спорт клуб“ беше македонскиот репрезентативец и член на Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ, па во големо интервју зборуваше за своите почетоци и развојот на неговата кариера, а, секако, она што нас најмногу нѐ интересира е македонската репрезентација, која и по 10 години останува без пласман на Европско првенство.

„Нашата цел беше да се избориме за пласман на Европското првенство, но, за жал, не успеавме. Немавме доволно среќа, не ни се поклопија коцките. Да не фатеа грчеви против Естонија, можеби сè ќе беше поинаку бидејќи покажавме на гостувањето кај Полска, каде што игравме фантастично, дека можеме да се носиме со сите. Потоа се случија повреди на странските кошаркари, Хап и Вајли, кои имаат македонски пасош, па ни се приклучи Ти Џеј Шортс, кој е фантастичен кошаркар, но мислам дека сепак, центарската позиција повеќе ни недостасуваше. Дадовме сè од себе, но не успеавме да се пласираме на Европското првенство, исто како и Хрватска, што ме изненади бидејќи имате многу талентирани кошаркари. Повторно се покажа дека поранешна Југославија е кошаркарска, но ете, и ние и Хрватска немавме среќа бидејќи се најдовме во група со некој од домаќините, а таквиот систем на ФИБА, според мене, и не е баш фер“, вели Димитријевиќ.

Македонската кошаркарска репрезентација од втори до 20 август ќе учествува во претквалификациите за Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести