ФИФА размислува на Светското првенство во 2030 година да има дури 64 репрезентации

Светската фудбалска федерација ФИФА размислува за зголемување на бројот на учесници на Светското првенство кое во 2030 година ќе се одржи на три континенти, пишува „Њујорк тајмс“.

Според изворот, тоа би било еднократно проширување на бројот на учесници на СП само за 2030 година, и тоа на 64 селекции, во чест на стогодишнината од првиот Мундијал во Уругвај.

Предлогот да се одржи турнир со учество на 64 екипи е даден на седница на Советот на ФИФА.

Овој предлог го привлече интересот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во чие владеење бројот на репрезентации учесници на Светското првенство во 2026 година се зголеми од 32 на 48.

Главни домаќини на Светското првенство во 2030 година ќе бидат три земји: Шпанија, Португалија и Мароко, додека Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на по еден натпревар на отворањето на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести