Почина тениска легенда која освои 19 гранслем-титули

На 86-годишна возраст почина некогашниот австралиски тенисер Фред Стол, човек кој во кариерата освои вкупно 19 гранслем-титули, а беше и прв на АТП-листата.

Стол освои две гранслем-титули во сингл, а 10 во двојки и седум во мешани двојки. Тој држи и еден негативен рекорд, засега е единствениот тенисер во историјата што ги загубил првите пет гранслем финалиња во сингл, од кои четири од Рој Емерсон, иако еднаш водеше и со 2-0 во сетови.

Стол првично се натпреваруваше во аматерски рангови, но неговите резултати го поттикнаа да стане професионалец дури на 28-годишна возраст. Ги загуби своите први 5 гранслем-финалиња, но на крајот успеа по еднаш да ги освои титулите на „Ролан Гарос“ и на Отвореното првенство на САД. Во дубл ги освои сите четири гранслем-турнири.

Заедно со легендарните Род Лејвер, Џон Њукомб и Тони Рауч, оваа златна австралиска генерација трипати го освои Дејвис купот.

 

- Оглас -

Најнови вести