Дел Пјеро негодува: Поништениот гол на ПСЖ против Ливерпул ме тера да се смеам (Фото)

Легендата на италијанскиот и светски фудбал, Алесандро дел Пјеро, изјави дека е штета што убавиот гол на Хвича Кварацхелија синоќа против Ливерпул беше поништен.

Погодокот беше поништен по прегледување на снимка, во ВАР измерија минимален офсајд од неколку сантиметри.

„Штета е, ме тера да се смеам. За мене е неверојатно да се донесе ваква одлука. Голот беше прекрасен. Квара одлично ја исконтролира топката, доволно за да создаде простор за удар, тој точно знаеше каде е голот и имаше совршен тајминг. Навистина е штета бидејќи тоа беше прекрасен гол“, рече Дел Пјеро.

Во ПСЖ му замерија на италијанскиот судија Давиде Маса и што во првото полувреме не досуди пенал кога Конате го турна Баркола. Ако имаше пенал, веројатно ќе требаше Конате да добие и црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести