Борац Бања Лука испишува историја на босанскиот фудбал, а тие за себе не сметаат дека се клуб од БиХ

Натпреварот помеѓу Борац Бања Лука и Рапид Виена од Конференциската лига кој се игра вечерва на „Градскиот стадион“ во Бања Лука од 21 часот ќе биде историски затоа што за првпат еден клуб од Босна и Херцеговина (од осамостојувањето на државата наваму) игра осминафинале во европските купови.

Тоа ги привлече и новинарите на најпознатиот и најчитан шпански спортски весник „Марка“ да дојдат во Бања Лука и да направат репортажа збунети од тоа што го дочекале таму. Новинарот на „Марка“ ја објаснува комплексноста на ситуацијата во оваа балканска земја и дека во Борац не сакаат ни да слушнат дека се претставник на БиХ, не се идентификуваат со државата БиХ, чиј се официјален претставник, туку се сметаат за клуб од таканаречената Република Српска.

„И боите на клубот се како српското знаме, ни рекоа дека кога игра репрезентацијата на Србија, во Бања Лука нема жива душа на улиците“, пишува новинарот.

Членови на Борац се Бобан Николов и Дамјан Шишковски. Борац и словенечкиот Целје се единствените клубови од поранешна Југославија кои останаа во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести