Женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години извојува убедлива победа од 5-0 против соодветната селекција на Молдавија во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за ЕП од Лига Б кој се одржува во Скопје.
На тренинг-центарот „Петар Милошевски”, избраничките на Катерина Милеска одиграа одличен меч во кој во целост го надиграа противникот и остварија сосема заслужена победа.
Настасја Накова од Љуботен постигна три погодоци.
Накова даде голови за 1-0 и 2-0, на 3-0 зголеми Калина Попески, Ева Величкова беше стрелец на четвртиот гол, а точка стави Накова со хет-трик во 77-мата минута.
На 12 март од 11 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ќе играме со Словенија, а Молдавија и Словенија ќе играат меѓу себе на 9 март.