Олимпија Милано претрпе нов пораз во Евролигата по неуспехот против Фенербахче со 76-100 пред своите навивачи. Гостите од Турција од самиот почеток ја покажаа својата доминација, добивајќи го првото полувреме со убедливи 37-53. Во второто полувреме Фенербахче само ја зголеми предноста.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра десет минути за Олимпија Милано, постигнувајќи два поена, две асистенции и еден скок. Најефикасен кај Милано беше Шилдс со 17 поени, додека Мекалум беше најдобар поединец кај Фенербахче со 18 поени.
Црвена ѕвезда доживеа тежок пораз од 100-82 од Баерн на гостувањето во Минхен. Едвардс со 30 поени и четири асистенции го предводеше Баерн до победата, додека Боломбој беше најзабележителен играч на Црвена ѕвезда со 12 поени и 19 скока.
Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 85-70, а Басконија во неизвесен дуел го победи Жалгирис со 66-65.