Играчите на Валенсија непријатно се чувствувале во условите на кои вечер, од 18.55 часот треба да играат меч од Лигаta на Европа против рускиот Краснодар. Шпанскиот тим има минимална предност од 2-1 по првиот двобој на „Месталја”.
Градот Краснодар се наоѓа во југозападна Русија, а играчите на тренерот Марселино очекуваат много студено време, кое ќе им биде проблем при фудбалската битка. Прогнозата за времето покажува дека вечер температурата ќе биде 5-6 степени целзиусови, што и не е причина за страв.
Ова е сосема нормална температура како за средина на март. Проблемот на Валенсија е што поради ветерот, чувството ќе биде како температурата да е околу нулата. Сепак, и тоа не е ништо. Руските зими знаат да бидат сурови, се играло и на -15 степени при силен ветер, така што тимот од сончевата Шпанија и нема сериозни аргументи да се плаши толку од студот.