Драматичниот дуел на ГРК Охрид и Вардар 1961 од ракометната Суперлига на Македонија од ложата на „Билјанини извори“ ја следеше и селекторот на македонската машка репрезентација, Кирил Лазаров.
Лазаров за утре го закажа првиот собир на националниот тим пред стартот на подготовките за квалификациските мечеви со Словенија, а вечерва беше во Охрид каде ги „снимаше“ ривалите на неговиот клуб Алкалоид и можеби „ловеше“ потенцијални репрезентативци.