Беса со 3:2 го победи Шкупи на стадионот во Чаир, а потегот на мечот го имаше гостинскиот напаѓач, Влатко Стојановски. Некогашниот македонски репрезентативец постигна еврогол со кој Беса поведе со 3:1 и тоа беше најава дека гостите ќе си заминат со цел плен.
Голманот на Шкупи, Давид Денковски беше далеку излезен пред својот гол, а тоа го забележа Стојановски, кој со шут од преку 50 метри, односно од својата половина успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим.