Аталанта синоќа со 4-0 го прегази Јувентус, и тоа во Торино, најверојатно отпишувајќи ја Старата дама од трката за титулата во италијанската Серија А. За Јуве ова беше најтежок домашен пораз од 1967 наваму (и тогаш загубија 0-4, од градскиот ривал Торино), а кога Лукман во 77-мата минута погоди за 4-0, многу незадоволни навивачи рано си заминаа не можејќи да го гледаат понижувањето.
Дел од фановите останаа пред стадионот и ги чекаа фудбалерите и раководството за да им порачаат дека треба да се засрамат. Се скандираше „Ни се смачи од вас“, „Почитувајте ги клупските бои“, „Покажете храброст“, „Смешни сте“ и слично.