Лос Анџелес клиперс и Скраменто кингс одиграа супер интересен меч во НБА-лигата, а на крајот се радуваа домашните благодарение на кош во последната секунда од продолжението од пет минути.
Среќниот кош за победа од 111-110 го постигна Кавај Ленард. Шутот на Ленард не беше чист, но меко исфрлената топка помогна таа откако се одбиваше од обрачот, на крајот сепак да влезе низ мрежичката за голема радост во Лос Анџелес. За Ленард тоа беше единствен шут во екстра петте минути (во регуларниот дел утна 12 од 18-те обиди од поле), но ќе се памети.
Кливленд ја извојува 14-тата победа по ред, овојпат со избалансирана тимска игра го надиграа Милвоки со 112-100. Кавалирс стана вториот тим во историјата на НБА по шампионскиот Бостон од 1986 година кој имал 14 победи по ред со постигнати 110 или повеќе поени на секој од тие 14 меча. Јанис Адетокумбо даде 30 поени и стана 50-ти стрелец во историјата на НБА.
На другите мечеви беа постигнати следните резултати: Њу Орлеанс – Мемфис 104-107, Филаделфија – Јута 126-122, Минесота – Сан Антонио 141-124, Портланд – Детроит 112-119, а нешто порано се одиграа средбите Оклахома сити – Денвер 127-103 и Далас – Феникс 116-125.
Ова е потегот на вечерта и кошот на Ленард за минимална победа на Клиперс:
WHAT A SHOT BY KAWHI LEONARD.
HIM. pic.twitter.com/o7cDfpcJas
— LA Clippers (@LAClippers) March 10, 2025