Најчудниот меч на Индијан Велс траеше 11 минути: Медо крвавеше, а противникот се предаде!

Рускиот тенисер Данил Медведев на необичен начин се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс, и тоа само по 11 минути игра. Неговиот противник Алекс Микелсен се предаде само по два гејма поради стомачни проблеми.

Американецот веројатно се затрул со храна. Проба да игра, но не можеше. Ниту Медведев не беше на 100 проценти, уште на стартот на вториот гејм побара медицински тајмаут откако му течеше крв од носот.

Русинот кој лани беше поразен во финалето на овој турнир, во следното коло ќе игра против Томи Пол.

- Оглас -

Најнови вести