Жирона гостува кај екипата на која Миовски ѝ даде два гола

5120 Ал Наср – Естеглал (19.00 часот)

Немаше голови на првиот меч одигран во Иран, па сега Ал-Наср има добра шанса да се пласира во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони, особено што ќе може да сметаат и на суперѕвездата Кристијано Роналдо, кој не играше во Техеран. Естеглал е поодморен, не играа лигашки меч викендов за разлика од Ал-Наср, кој ремизира 2-2 со Ал-Шабаб. Во лигашкиот дел, Ал-Наср беше трети, Естеглал шести на табелата и Саудијците, секако, се фаворити, но Естеглал е тим кој тешко прима голови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.19)

 

2806 Рандерс – Брондби (19.00 часот)

Ова е дуел од данската лига помеѓу два тима кои имаат еднаков број бодови, еднаков број победи, порази и ремија, а во претходните две кола одиграа нерешено. Брондби е тим кој е малку поефикасен, но има и неколку примени голови повеќе за разлика од Рандерс. На седум од последните осум нивни меѓусебни лигашки дуели кога Рандерс бил домаќин, имало 3+ голови и секогаш двата тима давале гол. Во првиот дел од сезоната на стадионот на Брондби одиграа 2-2.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+ II (2.24)

 

3010 Лацио – Удинезе (20.45 часот)

Според формата на двата тима, дуелот на Лацио и Удинезе е дерби на Серија А. Удинезе освои 13 бода во последните пет кола, а Лацијалите на овие пет меча собраа 11 бода. Римските Орли се во трка за место кое води во ЛШ, додека Удинезе е десетти на табелата без шанси да оди погоре или подолу по овој меч на „Олимпико“. Ова се екипи кои почесто победуваат или губат отколку што играат нерешено. Интересно, традицијата е на страната на гостите, Лацио дома не победилл против Удинезе уште од декември 2019 година. Последните три меча им завршуваа со ГГ и 3+.

Предлог тип:& 1-3 (1.87)

 

1010 Вест хем – Њукасл (21.00)

По победите над Арсенал и Лестер, во Вест хем веруваат и во хет-трик победи, со што речиси би обезбедиле опстанок, иако и вака не се сериозно загрозени, имаат дури 16 бода повеќе од опасната зона. На Њукасл бодовите му се потребни во обидот да се пробие до местата кои водат излез на европска сцена. Чавките се во криза, загубија на три од последните четири премиерлигашки натпревари, а пред една недела имаа и болна елиминација од ФА купот. Вест хем шест години не знае за домашна победа над Њукасл, но есеноска победи на гости кај Њукасл со 2-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1310 Еспањол – Жирона (21.00 часот)

Каталонските тимови се соседи на табелата, со тоа што Жирона има пет бода повеќе, но и освои само еден бод во последните четири кола, период во кој Еспањол собра седум бода. Тимот од Барселона е загрозен, има само еден бод повеќе од зоната на испаѓање. Еспањол дома не загубил уште од октомври, а Жирона два месеца не победила на гости. Во ноември Жирона како домаќин го победи Еспањол со 4-1, сите голови паднаа во првото полувреме, а Бојан Миовски беше двоен стрелец и тоа се неговите единствени два гола во Ла Лига.

Предлог тип: & 2+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести