Викторија Ребензбург победи на денешниот супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање, одржан во Солдеу во Андора, но Микаела Шифрин кој имаше четврто време, првпат во кариерата го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина, и како шлаг на тортата, сезонава ја надмина бројката од 2.000 поени.
Досега во историјата на СК во алпското скијање, над 2.000 поени имале само уште Херман Маер во сезоната 1999/2000 и Тина Мазе во 2012/2013. Словенката Мазе во таа сезона имаше 2.414 поени, бројка која е недостижна за Шифрин.
Шифрин кoja вчера наполни 24 години, сезонава доминираше во слалом, а најдобра е и во велеслалом и супер-џи. Во велеслалом, на последната трка (само ако победи Петра Влхова) треба да биде меѓу првите 16 за да го освои и тој мал кристален глобус, и само чудо или пад може да ја спречи.