Словенците во Скопје доаѓаат дури без 11-мина ракометари кои настапија на СП во јануари

Ракометната репрезентација на Македонија в среда од 20 часот во „Борис Трајковски“ во Скопје игра важен натпревар против Словенија, победа ќе значи речиси сигурен пласман на Европското првенство кое на почетокот на 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвеша и Шведска.

Пред избраниците на Кирил Лазаров е сериозен предизвик, но со помош од публиката, Словенија може да падне, особено што нивниот селектор Урош Зорман се соочува со големи проблеми и бројни откажувања. Дури 11-мина ракометари кои играа на Светското првенство во јануари ќе ги нема за дуелите со Македонија на 12 и на 16 март.

Ќе ги нема Доленец, Зарабец, Хенигман, Кавчиќ, Кљун, Цехте, Новак, Овничек, Ферлин, Мачковшек и Митја Јанц.

Сепак, Словенците и без нив имаат добар тим со одлични поединци како Влах, Кавчич, Блаж Јанц, голманот Лесјак, Благотиншек, Макуц…

- Оглас -

Најнови вести