Митровиќ заврши во болница поради тахикардија предизвикана од прерано враќање на терените (Видео)

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ (30) заврши во болница во Ријад откако почувствувал проблеми со срцето. Тој бил хоспитализиран поради тахикардија, која, според медицинските наоди, е предизвикана од физичка исцрпеност и прерано враќање на теренот.

Фудбалерот на Ал-Хилал утрината се пожалил на срцеви проблеми, по што бил итно пренесен во болница. По деталните прегледи, лекарите му препорачале целосен одмор бидејќи забрзаното чукање на срцето било резултат на прекумерен замор.

Митровиќ беше надвор од терените два месеца, но изненадувачки се врати во акција на натпреварот против Ал-Фeјха, каде што одигра 27 минути и постигна гол.

По мечот се појавија загрижувачки сцени – видеа кои покажуваат како напаѓачот се мачи да дојде до здив додека дава интервју. Навивачите на Ал-Хилал се незадоволни од одлуката тој да игра толку рано.

„Изгледаше уморно и исцрпено. Неговиот настап не беше неопходен. Што направивме ако го изгубиме на подолго време?“, прашува еден од фановите.

Некои дури веруваат дека клубот го принудил Митровиќ да настапи поради големата плата од 25 милиони евра годишно и борбата за титулата.

Сепак, лекарските прегледи покажале дека ситуацијата не е сериозна, но Митровиќ ќе мора да одмори барем две недели пред да се врати на теренот според првичниот план.

И покрај здравствените проблеми, српскиот голгетер има фантастична сезона во дресот на Ал-Хилал. Досега одигра 25 натпревари, постигна 21 гол и оствари три асистенции, што го прави еден од најдобрите напаѓачи во лигата.

- Оглас -

Најнови вести