Синот на Буфон го имаше професионалното деби, а негов тренер е Пипо Инзаги, кој со татко му играше за Италија

Луис Буфон, синот на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, го имаше својот професионален деби настап за Пиза во италијанската Серија Б. Седумнаесетгодишниот крилен играч влезе во игра во 83-тата минута на натпреварот против Специја, кој неговиот тим го загуби со 2-3.

Иако е син на италијанската фудбалска легенда Луис Буфон, неодамна дебитираше за чешката репрезентација до 18 години. Тој има двојно државјанство бидејќи негова мајка е Алена Середова, поранешна сопруга на Џиџи Буфон.

Младиот Луис се приклучи на Пиза во 2023 година и настапуваше за тимот до 19 години во Примавера лигата, каде што веќе има постигнато шест гола.

Интересно е што негов тренер во Пиза е Филипо Инзаги, поранешен соиграч на Џиџи Буфон во италијанската фудбалска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести