Гол на годината: „Шкорпија“ со која почна пресврт од 0-3 до 4-3 (Видео)

Екипите на Атлас и Тихуана одиграа неверојатен меч во мексиканската лига, а беше постигнат и атрактивен погодок кој сигурно ќе биде кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2025 година.

Домашниот тим Тихуана водеше со комотни 3-0 на половина час до крајот на средбата, но тогаш Бразилецот Дорија даде гол со „шкорпија“, по еден корнер ја испружи ногата одзади и со пета ја шутна топката во голот. Коментаторите полудеа, но не и самиот Дорија, кој беше разорачан што неговиот тим беше во резултатска негатива и не беше свесен дека ова е знак за почеток на голем пресврт.

Тихуана остана без еден играч, а Атланта со три гола на Црногорецот Урош Ѓурѓевиќ направи огромен пресврт и победи со 4-3.

Погледнете го голот кој го воодушеви светот:

- Оглас -

Најнови вести