Обложувач од Гостивар во саботата на 8 март имал многу причини за задоволство, затоа составил добитен тикет на кој се погодени три пресврти „полувреме-крај“, па со уплата во Sport Life само од 20 денари, има бруто-добивка од 327.928 денари и огромна вкупна погодена квота од 16.396.
Типувал дека Ливерпул ќе губи на полувреме, а на крајот ќе победи против Саутхемптон. Тоа сценарио се оствари, гостите водеа со 1-0 на пауза, и тоа со гол кој падна во финишот на првото полувреме. Во вториот дел Црвените дадоа три гола и победија со 3-1.
Следуваше Лече – Милан, меч на којшто на Росонерите им беа поништени два гола во првото полувреме. Лече водеше и со 2-0, но Милан направи пресврт и победи со 3-2 за среќа на неговите навивачи и овој обложувач кому вечерта му остана уште да чека победа со пресврт на Интер над Монца. И тука имаше драма, на тимот од Милано му беше поништен гол при 0-0, Интер имаше негатива и од два гола разлика, губеше на полувреме со 1-2, но на крајот славеше со 3-2.
На уплатно место на Sport Life во скопско Лисиче, во петокот биле вложени 50 денари на тикет со играта „полувреме-крај“, и тоа се барало водство на едниот тим на пауза и реми на крајот. На прв поглед, тикетот делува тешко остварлив, но испадна добитен и на овој играч му донесе исплата од околу 3.000 евра.
На мечот во Холандија, НАК Бреда во последните 20 минути играше со човек помалку, но освои бод откако губеше на полувреме. На Каљари – Џенова домашните водеа по првите 45 минути, гостите израмнија на почетокот на вториот дел и веќе немаше голови. Со резултат 1-1 заврши и третиот меч на тикетот, а Монако долго водеше 1-0, од 17-тата минута, но не победи, Тулуз изедначи со гол во 91-вата минута, па тикетот беше добитен.