Англискиот премиерлигаш Челзи сериозно го насочува вниманието кон Џоб Белингам, братот на Џуд Белингам, и има намера да ја победи конкуренцијата во битката за 19-годишниот играч од средниот ред на Сандерленд, пренесуваат медиумите на Островот.
Клубовите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, се меѓу оние кои исто така покажуваат голем интерес за младиот Англичанец. Сините од Лондон, сепак, планираат да ги победат останатите кандидати и да го задржат талентираниот фудбалер во Англија.
Џоб Белингам моментно е проценет на околу 40 милиони фунти. Со оглед на зголемениот интерес за младиот фудбалер, цената може значително да се зголеми во летниот преоден рок.
Клубот од Чемпионшип сака да го задржи Белингам уште една сезона, но има проблем – моментно е на осум бода од местата што водат директно во Премиер лигата. Доколку не избори промоција, Сандерленд сигурно ќе има потешкотии да го задржи својот највреден играч.
Во досегашните 32 натпревари во Чемпионшип, Џоб Белингам постигна четири гола и трипати асистираше.