Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, би можело да добие долга суспензија поради инцидентот на натпреварот против Хетафе.
Во 88-мата минута од мечот, судијата Гиљермо Квадра Фернандес му покажа црвен картон, по што Аргентинецот изреагира бурно и му упати тешки навреди.
Видеото од инцидентот покажува дека Кореа го навреди судијата директно во лице, а според официјалниот извештај, тој користел погрдни зборови и навредил блиски луѓе од неговиот семеен круг.
Правилникот на Ла Лига јасно наведува дека навреди кон судија можат да донесат суспензија од 4 до 12 натпревари. Иако Кореа веднаш се извини преку социјалните мрежи, тешко дека тоа ќе му помогне да избегне тешка санкција.
Во моментот на исклучувањето, Атлетико водеше со 0-1, а по ова Хетафе успеа да направи пресврт и да победи со 2-1 со двата гола на Мауро Арамбари.