Беше фаворитка за освојување медал, а ненадејно се сруши на патеката и остана без свест (Видео)

Прославената холандска атлетичарка Маурен Костер ги шокира навивачите откако неочекувано падна и остана без свест за време на трка на Европското првенство во сала.

Првенството се одржува во Холандија, а Костер беше една од фаворитките за медал на трката на 3.000 метри, но уште во раната фаза падна и што беше уште поопасно, остана да лежи на патеката без свест.

Веднаш реагираа лекарите да дадат прва помош, додека трката продолжи. Од снимката на трката се гледа како Костер самата се сопнува со ногата и паѓа, при што директно со главата удира во подот.

Засега нема информации дали атлетичарката здобила посериозни повреди.

 

- Оглас -

Најнови вести