Еден месец суспензија за Александар Васоски

Тренерот на Силекс, Александар Васоски, е казнет со едномесечна суспензија без право да го води тимот поради добиениот црвен картон по завршувањето на натпреварот меѓу Силекс и Вардар (1-1).

Васоски доби исклучување за неспортско однесување и, како што е наведено во официјалниот записник, за вербален напад кон контролорот на натпреварот, Јосип Бартон, кој е и претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ. Покрај суспензијата, Васоски доби и парична казна од 200 евра.

Тој ќе ги пропушти наредните натпревари на Силекс против Брера Струмица, Тиквеш и Воска Спорт.

Фудбалерот на Силекс, Илија Донов, е казнет со суспензија од еден натпревар поради црвениот картон што го заработи на крајот од првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести