Кристијано Роналдо дојде до 927-миот гол во кариерата, откако успеа да реализира пенал во 27-мата минута од мечот помеѓу Ал-Наср и Естеглал во осминафиналето од азиската Лига на шампиони. Екипата на Португалецот на крајот победи со 3-0, откако на првиот меч во Иран одигра без голови, 0-0.
Ал-Наср со оваа победа стана првата екипа која го чекираше пласманот во четвртфиналето и сега е во очекување на својот следен противник во азиската Лига на шампиони.