Јокиќ го предводеше Денвер до триумф против најдобриот тим во лигата, а Дончиќ не можеше сам против Бруклин

Интересни дуели имаше синоќа во НБА-лигата, а нови забележителни настапи имаа кошаркарските ѕвезди од регионот, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Дончиќ сам не можеше да донесе победа за ЛА лејкерс. Одличниот Словенец запиша фантастичен трипл-дабл, но тоа не беше доволно за да се совладаат Бруклин нетс. Домаќинот славеше со резултат 111-108 во неизвесна завршница.


Гостите од Лос Анџелес имаа водство во текот на целото прво полувреме, додека во третата и четвртата четвртина беше видена голема неизвесност, па беше јасно дека нè очекува возбудлив финиш.

На крајот подобро се снајдоа Нетс, кои славеа и покрај тоа што Дончиќ запиша 22 поени, 12 скокa и 12 асистенции. Во редовите на ЛА лејкерс, каде што не играше Леброн Џејмс, Винсент Гејб постигна 24 поени. Кај Бруклин, најефикасен беше Ноа Клауни со 19 поени.

Никола Јокиќ повторно одигра величествен натпревар, постигнувајќи 35 поени, 18 скока и осум асистенции.

Јокиќ го предводеше својот Денвер до победа против најдобриот тим во лигата, Оклахома сити, на гостински терен со 127-140.

Шарлот ја направи сензацијата на вечерта и запиша втора последовна победа, славејќи со 102-105 на гости против Мајами хит. Далас маверикс го изненадија тимот на Сан Антонио спарс на гости со 129-133.


Резултати НБА: Атланта – Филаделфија 132-123, Бостон – Јута 114-108, Бруклин – ЛА лејкерс 111-108, Мајами – Шарлот 102-105, Торонто – Вашингтон 119-104, Чикаго – Индијана 121-103, Хјустон – Орландо 97-84, Мемфис – Феникс 120-118, Оклахома сити – Денвер 127-140, Сан Антонио – Далас 129-133, Голден стејт – Портланд 130-120, Сакраменто – Њујорк 104-133.

- Оглас -

Најнови вести