6002 Барселона – Бенфика (18.45 часот)
Барселона има предност од првиот натпревар во Лисабон, но тимот на Ханси Флик сигурно ќе сака да го потврди пласманот во следната рунда со уште еден поубедлив триумф. Наш предлог е дека на мечот ќе бидат постигнати од два до пет гола, заедно со победата на Барса.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.87)
6005 Баер Леверкузен – Баерн Минхен (21 часот)
Германското дерби предизвикува големо внимание, а актуелниот шампион и нема друг избор освен да тргне со сите сили по триумф, со оглед дека има негатива од три гола (0-3) по првиот меч во Минхен. Типуваме на Баер Леверкузен, иако тимот на Чаби Алонсо ќе биде ослабен со неиграњето на Флоријан Вирц. Сепак, Баерн има одлична предност, па и минимален пораз нема да биде трагедија за баварскиот тим.
Предлог тип: 1 (3.00)
6004 Ливерпул – ПСЖ (21 часот)
На првиот меч во Париз, тимот на ПСЖ прикажа одлична игра, создаде многу шанси, но не успеа да постигне гол. Наспроти тоа, Ливерпул по еден противнапад, од првиот удар кон голот на Донарума дојде до предност од 0-1. Сега ПСЖ нема друг избор освен да се обиде да возврати, а тоа ќе значи и многу поголем слободен простор за Ливерпул. Поради сето ова, очекуваме голови во двете мрежи и најмалку три на целиот дуел.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.79)
6003 Интер – Феенорд (21 часот)
Интер има предност од два гола по првиот дуел во Холандија, па ќе се обиде рутински да го приведе кон крај пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите. Но, сигурно дека Феенорд нема лесно да се предаде и се очекуваат голови и на „Џузепе Меаца“. Нашиот предлог е дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња на натпреварот во Милано.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85)
1152 Сандерленд – Престон (20.45 часот)
Сандерленд е во одличен ритам и ќе се обиде да продолжи со победнички чекор и против Престон. Гостите не се премногу опасни надвор од дома, па се очекува Сандерленд тоа да го искористи за нов триумф. Наш предлог е дека Сандерленд ќе победи најмалку со два гола во мрежата на Престон.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.20)