Оптимизмот расте: Македонија е фаворит за победа над Словенија!

Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе ја пречека Словенија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година. По две одиграни кола, Словенија е со максимални четири бода, а Македонија има два бода, но токму овие две селекции се фаворити за место на завршницата на континенталниот собир. Во групата се уште и Литванија (два бода) и Естонија (без бодови).

Словенија е селекција која заврши на 13-тото место на неодамна завршеното Светско првенство, додека Македонија беше 15-то пласирана. Во последните девет меѓусебни дуели, Словенија има пет победи, двапати било нерешено, а двапати славела Македонија.

Адут на Македонија за утрешниот дуел ќе биде фактот дека дуелот се игра во „Борис Трајковски“, салата каде што нашата селекција многу ретко губи. Во корист на селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници е и фактот дека Словенија во Скопје ќе игра со речиси комплетно изменет состав од тој со којшто настапија на Мундијалот. Дури 11-мина ракометари кои беа дел од СП пред малку повеќе од еден месец сега нема да бидат во составот на гостите.

Токму затоа, според квотите во Sport Life, Македонија ја има улогата на фаворит за победа, но тоа треба да се потврди со добра игра на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести