Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше незадоволен од судискиот третман кој го доби на последниот меч на Лос Анџелес лејкерс на гостувањето кај Бруклин нетс. Изненадувачки, Бруклин приреди сензација и славеше над Лејкерс со 111:108.
Кај тимот од Лос Анџелес го немаше повредениот Леброн Џејмс, а Дончиќ заврши со трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 12 скока и 12 асистенции. По завршување на мечот, Дончиќ негодуваше поради некои судиски одлуки. Словенецот смета дека било дозволено играчите на Бруклин да играат премногу грубо.
„Сето ова беше премногу и не беше фер. Нема да лажам, имаше премногу судиски одлуки на штета на Лејкерс. Требаше да ја играме нашата игра и нема ништо да речам, но сите кои го гледаа мечот, можеа да видат што се случи“, рече Дончиќ по поразот.
И тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редчик, беше незадоволен, но од играта на своите кошаркари. „Воопшто не знаевме како да ја подадеме топката, да организираме напад. Практично ја држевме топката на средината од теренот. Не знаевме што да правиме“, рече тренерот на Лејкерс.