Поранешниот француски репрезентативец Пол Погба и официјално смее повторно да се активира во професионалниот фудбал. Погба беше позитивен на допинг-тест и заработи суспензија од 18 месеци, период во кој немаше правио да биде активен на теренот. По тој скандал, Јувентус му го раскина договорот на Погба и тој сега е слободен играч, што значи дека може да одбере клуб каде што ќе ја продолжи кариерата.
Искусниот 32-годишниот играч за врска моментално живее на Флорида, а се тврди дека голема е веројатноста да потпише со Интер Мајами. Погба беше забележан како се среќава со претседателот на клубот Дејвид Бекам, а потоа беше забележан и на трибините на дуелот на Интер Мајами против Њујорк сити на 23 февруари. Трансфер-пазарот во САД е отворен до 23 април.
Погба последен пат беше на теренот на 3 септември 2023 година, а оттогаш тренира само индивидуално. Во кариерата настапуваше за Манчестер јунајтед и Јувентус.