Ламин Јамал и Рафиња беа творци на победата на Барселона од 3-1 против Бенфика, со што Каталонците станаа прв четвртфиналист во Лигата на шампионите и таму ќе се сретнат со Борусија Дортмунд или Лил.
Рафиња продолжи да ги тероризира лисабонските Орли, вечерва даде два гола, а ги постигна и головите за победи на Барса над Бенфика во Лисабон на првиот меч и во лигашката фаза, па сега е прв стрелец во ЛШ со 11 гола на 10 средби сезонава. Рекордот на Барса го држи Лионел Меси со 15 гола во една сезона во ЛШ, а како што тргнал Рафиња, може и да го надмине ако тимот стигне во полуфинале или финале.
Сите голови вечерва на „Монжуик“ паднаа во првото полувреме, а убав погодок, трет во неговата кариера во ЛШ, даде младиот Јамал, кој имаше и една асистенција. Голот на Јамал погледнете го ТУКА.
Каталонците победата му ја посветија на неодамна починатиот лекар Карлес Мињаро.